Канадска пензија ќе се зема и во Македонија
Отава - Околу 200.000 македонски иселеници во Канада ќе можат да ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување. Ова е наведено во договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Канада, што го потпишаа во Отава премиерите на двете земји, Никола Груевски и Стивен Харпер.
„Договорот е исклучително важен за Македонците кои живеат во Канада, пред се', затоа што секој Македонец по добивањето на пензијата ќе може доколку сака да се пресели во Македонија, и таму да ја добива канадската пензија, што досега беше голема пречка за многу македонски граѓани со канадска пензија“, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на договорот.
Превземено од Утрински Весник. Повеќе
Нема коментари:
Објави коментар