четврток, 15 март 2007 г.

Прв Македонски Филмски Фестивал во Канада



На првиот Македонски Филмски Фестивал кој ќе се одржи во Торонто - Канада, на 27 и 28 мај, публиката ќе има можност да погледне филмови од разни жанрови, вклучувајќи ги класичните македонски филмски дела, филмови од современата уметност и документарни филмови.
Филмовите ќе бидат остварувања на Македонци од Европа и Северна Америка, а режисерите ќе одговараат и на прашања од публиката, со цел подобро да се разбере македонската култура и традиција.

Нема коментари: