среда, 20 јуни 2007 г.

Шо ке се заеб.... со 50, тури 100 да пукнат душманите!



Според пишувањето на денешен Дневник:


Во центарот на Скопје ќе се градат три кули високи по 98 ката, на локацијата на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Ако се оствари планот на Владата, овие кули ќе бидат меѓу десетте највисоки згради на светот по бројот на катови. Владата во февруари донесе одлука за изградба на три облакодери, со образложение дека главниот град конечно мора да добие модерен изглед, а тогаш беше најавено дека објектите ќе имаат по 50 ката. Најверојатно зградите ќе бидат високи околу 400 метри, ако висината на еден кат изнесува четири метри......
итн. Повеќе можете да прочитате на следниов ЛИНК:
Дај боже ама да не е малку мегаломански?
Само за споредба овде во Ванкувер немаме толку висока зграда. Моментално највисока зграда е One Wall Centre (види слика) која има 48 ката. Значи е нa половина од идните скопски облакодери (кои секако ќе бидат рекордно високи со меѓукатна висина од 4 метри :)).
Следната највисока зграда во Ванкувер е сеуште во изградба. Тоа е Living Shangri-La која ќе има "само" 61 кат.
Ме прави среќен помислата што сум од Скопје, па ќе можам да се вратам да соберам искуство од прва рука па и ние овде да направиме една стокатница тука, шо ќе се заеб...!


1 коментар:

Анонимен рече...

Абе се друго завршивме уште стокатниците ни останаа :-)